Вести Временска прогноза

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд – Временска прогноза за 17.1.2023

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува умерен до засилен, повремено силен ветер од јужен правец поизразен долж Повардарието.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 6°C, а максимумот од 9 до 14°C.

Информација од утрово:

 Минимална температура (во °C)

-5 Берово, Битола, -4 Скопје-Петровец, -3 Крива Паланка, Попова Шапка, Тетово, Прилеп, Струмица, -2 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Претор, Крушево, Маврови Анови, Гевгелија, Дебар, -1 Штип, Охрид, Куманово, Виница, 4 Дојран.

Агропрогноза:

Врнежите од дожд забележани во изминатите денови, без разлика на нивните количества во овој период на есенско-зимска суша се добредојдени, особено за есенските житни култури каде недостатокот од влага видно се манифестираше со пожолтување на листовите.

Во наредниот период, новите врнежи кои се прогнозираат, очекуваме да ја подобрат оваа состојба, иако ваквите временски услови се некарактеристични за овој период од годината.

Земјоделците во овој период имаат вообичаено помалку работа на отворено, па така им останува повеќе време за планирање на пролетното производство.

 Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе