Емисии Код Македонија

КОД, Ексклузивно интервју со уапсениот во Србија дипломат Миле Миленкоски: Не знаев дека од Ерменија со нас лета осомничен за криминал

По минатогодишниот скандал, најголем дипломатски скандал од независноста кога дипломатот Миле Миленкоски од мисијата во ОБСЕ беше уапсен во Врање, па ослободен после 5 месеци, во КОД вечерва ексклузивно интервју со него.

Миленкоски, кој беше уапсен по ерменска потерница за помош во авионско бегство на осомничениот за криминал Бранислав Димитријевиќ, тврди дека не го знаел бегалецот и првпат го видел во Ереван.

Миленкоски тврди дека неговите колеги од МНР го оставиле сам без потребна конзуларна заштита, а по ослободувањето бил отпуштен од работа за што сега води судски постапки.

Кои се останатите двајца дипломати кои беа на меѓународни потерници распишани од Ерменија и каква е нивната улога во бегството на Димитријевиќ, во Код вечерва зборува уапсениот па ослободен Миле Миленкоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема – Како Судскиот совет санкционира судии? 04.07.2025

Дејан Дејан

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе