Вести Македонија Најважни

Вонреден прес на Ковачевски- Училиштата ќе се греат со цена на струја за граѓаните, болниците преку ЕСМ ќе добиваат поефтина струја, договорот со Србија е „гас за струја“, а не купување

Премиерот Димитар Ковачевски на вонредна прес конференција соопшти дека е донесена одлука сите основни и средни училишта да се префрлат на регулираниот пазар за струја по цени кои се граѓаните односно пониски отколку што се на пазарот за електрична енергија.

„Без разлика дека обврската за организирање на образовниот процес е на самите општини. Исто така донесовме одлука со која сите јавни здравствени установи ќе бидат обезбедени со електрична енергија од ЕСМ-Продажба по цени поповолни од берзанските. Затоа што грижата за граѓаните и здравствената заштита е императив на оваа влада“, рече Ковачевски.

„80% ја субвенционираме сметката за електричната енергија за  650 000 домаќинства а над 70 000 компании и други правни субјекти, таканаречени мали потрошувачи со годишен промет до 2 милиони евра ќе добијат субвенционирана електрична енергија  со цена три пати пониска од берзанската“ – изјави Ковачевски.

Ковачевски кој нагласи дека утре ќе има пратенички прашања во Собранието, побара обединетост кај пратениците од сите политички партии за изгласување на измените во Законот за енергетика, за нфтените деривати и за прогласување кризна состојба.

Во однос на купувањето на гас од Србија, за кој во текот на денот беше соопштено од претставници на владата, Ковачевски тврди дека станува збор за размена на гас кој ќе доаѓа од Србија за електрична енергија која покрај топлинската енергија ќе се произведува тука, а ќе и се врши пренос во Србија.

Ковачевски на новинарско прашање по експертските ставови за проблеми на реализацијата на ваков договор одговори дека Србија има доволни количества купен гас и дека овој договор нема да може да влијае на нивниот договор со Гаспром со кој не смее да го реекспортираат гасот надвор од Србија. За реализацијата на договорот и транспортот на гасот (Србија и Македонија немаат директна врска преку гасовод туку гасот треба да оди преку Бугарија) Ковачевски тврди дека е обврска на Србија.

Парно за скопјани ќе има, објави на вечерашната прес-конференција во владата Премиерот Димитар Ковачевски, додавајќи дека на вечерашната седница на економско-енергетскиот совет на владата била донесена одлука за почнување на постапка за издавање на лиценца за производство на топлинска енергија од регулиран пазар, согласно член 6 од законот за енергетика на ЕСМ.

Тој ги повика градот Скопје, РЕК и комисијата за заштита на конкурентност во најбрзо време да дадат позитивно мислење со што ќе се создадат услови за целосно функционирање на ЕСМ со топланите. Според Ковачевски, обезбедени биле финансиски средства за потребните енергенси за топлинска енергија.

Ковачевски повтори и дека апелира граѓаните да штедат струја бидејќи како што рече „времето на изобилие со електрична енергија во Европа е завршено“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ако трговците се служат со трикови, Владата ќе се служи со мерки

Дејан Дејан

Врховен ја поништи зголемената пресуда за дрога на Васил Јованов – Апелација го осудила без да го викне

Дејан Дејан

Спасовски: Законот за трагедијата во Кочани е морална и институционална обврска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе