По еден ден пауза на Европското првенство во кошарка чија завршница се игра во Берлин на програмата се првите две четврт-финални средби.
Во првиот дуел од 17 часот и 15 минути за влез во полуфиналето ќе се соочат актуелниот светски првак Шпанија и репрезентацијата на Финска.
Шпанците ќе се обидат по пауза од седум години повторно да се вратат на тронот во Европа и барем една година да бидат суверени владетели кошаркарскиот спорт.
За Црвената фурија која по 21 пат во историјата на Европските шампионати влезе меѓу осумте најдобри на Стариот континент ќе се обиде да подобри уште еден рекорд и по 11 пат во низа да обезбеди најмалку пласман во полуфиналето.
На спротивната страна Финска го игра првото четврт-финале од 1967 година и според прикажаната игра има реален квалитет да стигне и до најголемиот успех во историјата.
Во второто денешен дуел во вечерниот термин од 20:30 часот се среќаваат Германија и Грција.
Германците цели 21 година чекаат на победа против Грција, а во таа 2001 година домаќинот на шампионатот за последен пат бил дел од самата завршница на Европските првенства.
И Грција долго време чека да се бори за медал. Последен пат Грција место во полуфиналето обезбеди во 2009 година кога ја освои бронзата. Сега тимот предводен од Јанис Адетокумбо се очекува повторно да се врати на тронот, но ќе мора да се мине уште една голема пречка, а тоа селекцијата која е домаќин на решавачката битка за трофеи.
ФОТО: Игор Паневски