Кошарка Спорт

Италија “пеницилин” за Србија, фаворитот го заврши првенството

Италија ја совлада Србија со 94:86 и успеа да се пласира во четврт-финалето на Европското првенство во кошарка.

За само година и половина Италија успева на два пати да ја совлада Србија и тоа во клучни натпревари. Првиот минатата година за настап на Олимписките игри во Токио и сега во Берлин во осминафиналето на континенталниот шампионат.

Одамна на големите натпреварувања Србија не настапила во силен состав каде во тимот ги имаше најкорисните играчи во НБА и Евролигата во последните две сезони, но и настапот на Никола Јокиќ и Василије Мициќ не беше доволен за продолжување на настапот на Европското првенство.

Клучен момент на натпреварот беше одличната реализација за три поени на Италија која од 38 обиди погодија 16 додека Србија имаше 10 од 29.

Најефикасен во селекцијата на Италија со 22 поени беше Марко Спису, Николо Мели додаде 21, а 19 постигна Симоне Фонтекио.

На спротивната страна освен Јокиќ и Мициќ немаше играч со поголем придонес во играта. Ѕвездата на Денвер забележа 32 поени и 13 скока, а Мициќ впиша 16 поени и осум асистенции, а Никола Калиниќ беше стрелец на 12 поени.

Италија во четврт-финалето ќе се сретне со Франција, а претходно Финска славеше над Хрватска со 94:86 и за противник ќе ја има Шпанија, а Полска по победата над Украина со 94:86 за место во полуфиналето ќе се бори со Словенија. Вистински раритет на вториот ден од првата елиминациска рунда на првенството е податокот дека сите три натпревари од денешната програма завршија со идентичен резултат.

Во последното осминафинале играат Грција и Чешка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе