Кошарка Спорт

Франција и Шпанија по продолжение до четврт-финале

Двата осминафинални дуели кои предизвикаа најголем интерес од денешната програма на Европското првенство во кошарка беа решени по дополнителни пет минути игра.

Во првиот дуел меѓу Франција и Турција победникот се решаваше во едно продолжение откако по четири периоди резултатот беше израмнет 77:77.

Возбудувањата продолжија и во дополнителните пет минути. Во завршните секунди од мечот Турција имаше напад за победа, но во обидот да се постигнат поените за триумф, Фуркан Коркмаз ја загуби топката и не успеа да упати шут кон кошот на противникот и Франција славеше со 87:86.

Словенија дури во финишот на натпреварот успеа да го скрши отпорот на Белгија и да забележи победа од 88:72 додека домаќинот на завршницата Германија ја елиминираше Црна Гора совладувајќи ја со 85:79.

И во последното осминафинале за денеска, Шпанија триумфираше над Литванија со 102:94 во меч кој исто така се решаваше во продолжение од пет минути.

Литванците не успеаа да забележат победа во уште еден рамноправен натпревар нешто што им се случуваше во фазата по групи кога бележеа порази од Словенија, Франција и Германија.

Утре се играат останатите осминафинални натпревари по што ќе бидат познати четвртфиналните двојки.

На програмата се натпреварите: Грција – Чешка, Србија – Италија, Хрватска – Финска и Украина – Полска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе