Вечерва се комплетираа натпреварите од второто коло во завршната рунда од квалификациите за Светското првенство што ќе се одржи следната година.
Во дербито на вечерта Србија како гостин во Истанбул ја совлада Турција со 79:72 и ги задржа шансите за освојување на едно од првите три места во групата кои водат во завршницата на Мундијалот. Во вториот натпревар во оваа група, Грција ја совлада Белгија со 85:68.
На чекор до обезбедување на учество на Светскиот шампионат се репрезентациите на Германија и Финска. Германците пред своите навивачи славеа над Словенија со 90:70 додека Финска како гостин триумфираше над Естонија со 76:68.
Во последните натпревари од И и Ј групата, Шведска направи големо изненадување и забележа победа како гостин над Израел со 95:83 додека Летонија исто така беше поуспешна на гостувањето во Велика Британија и славеше со 87:80.
ФОТО: Игор Паневски