По одржувањето на вечерниот тренинг, селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Јончевски го одреди списокот на играчи кои ќе бидат во комбинација првиот претквалификациски дуел за пласман на Европското првенство со Данска.
Поради повреда првиот натпревар ќе го пропушти Бобан Стајиќ и неговото место во националниот тим ќе го заземе Димитар Пандев, кој за прв пат е дел од македонската репрезентација.
Кошаркарите за Данска заминуваат утре во 10 часот, а натпреварот против Данска е на програмата в четврток со почеток од 19 часот.
За првиот претквалификациски дуел во комбинација се: Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Кристијан Николов, Ненад Димитријевиќ, Андреј Магдевски, Стојан Ѓуроски, Теодор Симиќ, Дамјан Робев, Андреј Маслинко, Андреј Јакимовски, Виктор Ефремовски и Димитар Пандев.