По една недела подготовки во Маврово, македонската кошаркарска репрезентација денеска замина за Бар каде утре против Црна Гора ќе ја одигра единствената контролна средба пред почетокот на претквалификациите за пласман на Европското првенство.
Селекторот Александар Јончевски на располагање има 13 кошаркари и покрај капитенот Војдан Стојановски шанса да играат на овој дуел ќе добијат Андреј Магдевски, Бобан Стајиќ, Дамјан Робев, Андреј Јакимовски, Стојан Ѓуроски, Бојан Крстевски, Андреј Маслинко, Виктор Ефремовски, Теодор Симиќ, Лука Савиќевиќ, Марко Миловановиќ и Димитар Пандев.