Вести Ковид19 Македонија

Нови 739 случаи на Ковид-19, едно починато лице

Во последните 24 часа направени се 1 570 тестови, а регистрирани се 739 случаи на Ковид-19, од кои 153 се реинфекции. Оздравени се 659 пациенти, а во изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице од Скопје на 73-годишна возраст. Лицето е починато во болнички услови. Во моментов активни се вкупно 4.218 случа, информира попладнево Министерството за здравство.

Од вкупниот број нови случаи, во Скопје се регистрирани 262 случаи, Битола – 55, Куманово – 40, Кавадарци – 37, Охрид – 35, Прилеп, Тетово и Велес – по 28, Гостивар и Штип – по 24, Струмица, Струга и Радовиш – по 19, Неготино – 14, Кичево, Кочани и Свети Николе – по 13, Ресен – 12, Крива Паланка – 10, Гевгелија – 8, Делчево, Богданци и Кратово – по 5, Берово, Виница, Крушево, и Демир Хисар – по 4, Демир Капија – 3, Дебар и Дојран – по 2.

Досега во земјата се направени вкупно 2.125.150 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 330.755, бројот на оздравени пациенти е 317.149, а на починати 9.388 лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе