Ракомет Спорт

Ракометарките со убедлива победа го отворија Светското првенство

Македонската женска ракометна репрезентација со триумф го отвори настапот на Светското младинско првенство што се одржува во Скопје. Избраничките на селекторот Љубомир Савевски на стартот го совладаа Сенегал со 32:13.

Мечот во А1 арената Борис Трајковски доцнеше еден час бидејќи Сенегалките не успеаа навреме да стигнат во Скопје и веднаш по слетувањето на авионот од Истанбул дојдоа во салата.

И покрај фактот што гостинките беа видно преморени од патувањето, сепак репрезентацијата на Сенегал не можеше да и парира на репрезентацијата на Македонија која од самиот почеток доминираше на теренот и имаше целосна контрола на она што се случуваше на теренот.

Најефикасни во македонската селекција со пет постигнати гола беа Теодора Дукоска, Борјана Коцева, Бојана Коцева и Емилијана Ризоска додека голманките Матеа Чурлиновска и Марија Јовановска комбинирано забележаа 13 интервенции.

Во вториот меч од нашата Б група, Иран го совлада Узбекистан со 47:31.

В недела репрезентацијата на Македонија во терминот од 20 часот и 30 минути исто така во А1 арената Борис Трајковски ќе се соочи со Узбекистан.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе