Вести Македонија

На 2-ри Август јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред

Во вторник (02.08.2022 година), поради државниот празник 2 Август – (Илинден), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, дежурни ќе бидат три билетарници, а Жичарницата ќе работи вообичаено- инфоримираат од јавно сообраќајно претпријатие Скопје.

Дежурни од 7 до 13 часот ќе бидат билетарниците на Зелен пазар, Транспортен центар и билетарницата во Ѓорче Петров.

Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе