Вести Македонија

Џафери на проштална средба со украинската амбасадорка Задорожњук

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска имаше проштална средба со амбасадорката на Украина во земјава Наталија Задорожњук.

Како што се наведува во соопштението од средбата, Џафери изрази благодарност за плодната соработка меѓу Собранието и Амбасадата на Украина, како и активниот придонес на амбасадорката за унапредување на севкупните односи меѓу двете држави. Тој ја повтори цврстата и недвосмислена поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признатите граници и подвлече дека Република Северна Македонија се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции кон Руската Федерација. Претседателот воедно упати и честитки до Украина за добивањето на статус земја кандидат за зачленување во Европската унија и ја нагласи нашата подготвеност за поддршка во процесот на евроинтеграцијата.

 

Амбасадорката Задорожњук, како што се наведува во соопштението, се заблагодари за целосната политичка, економска, хуманитарна и воена поддршка за Украина од Република Северна Македонија, а особено за личниот придонес на Џафери, кој беше еден од првите претседатели на парламенти и прв висок функционер од Западен Балкан што ја посети Украина во април годинава. Истовремено, таа упати благодарност и за „Декларацијата за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“, што ја усвои Собранието на Република Северна Македонија. Амбасадорката го информираше претседателот на Собранието за тековната состојба во Украина, а се осврна и на зголемувањето на економската соработка и трговската размена меѓу Република Северна Македонија и Украина, како и проширувањето на договорно-правната рамка меѓу двете земји, во рамките на нејзиниот мандат.

Џафери и Задорожњук се согласија дека Република Северна Македонија и Украина имаат многу добри билатерални односи, а во последниве години значајна динамика имаше и меѓупарламентарната соработка. Имајќи го предвид огромниот потенцијал за меѓусебна соработка на различни полиња, тие изразија надеж дека во најскоро време ќе бидат создадени услови за натамошно унапредување на блиските односи и соработка.

Џафери ѝ врачи на амбасадорката Признание за нејзиниот придонес и ѝ посака успех во исполнувањето на новите должности.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Каде завршија дел од парите од луксузниот апартман на Тито- МВР му пиша пријава на Фрчковски, тој вели комична пријава од незнаење и за притисок

Дејан Дејан

(Видео) Село Света Петка без струја – ЕВН соопшти „дивите приклучоци доведоа до пад на мрежата“

Дејан Дејан

Глобалната слободна трговија е во „криза“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе