Вести Ковид19 Македонија

Во последните 24 часа регистрирани се вкупно 215 реинфекции

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.828 тестови, а регистрирани се нови 897 случаи на КОВИД-19: Скопје – 384, Битола – 66, Струмица – 47, Прилеп – 43, Куманово и Кавадрци – по 41, Велес – 37, Охрид – 36, Тетово – 26, Струга и Неготино – по 19, Гостивар – 17, Штип – 16, Радовиш – 13, Кичево – 12, Дебар – 10, Гевгелија и Демир Хисар – по 8, Кочани и Крива Паланка – по 7, Валандово и Кратово – по 6, Ресен, Берово и Свети Николе – по 5, Пробиштип и Крушево – по 4, Виница и Пехчево – по 2, Богданци – 1.

Од вкупниот број на позитивни (897), регистрирани се 215 реинфекции.

Рeгистрирани сe 638 оздравени пациенти од: Скопје – 296,Охрид – 63, Битола – 45, Кавадарци – 34, Велес и Тетово – по 25, Струга – 21, Струмица – 19, Прилеп – 18, Гостивар и Штип – по 13, Неготино – 12, Кичево – 10, Гевгелија – 7, Радовиш – 6, Крива Паланка и Берово – по 5, Кочани, Ресен и Свети Николе – по 4, Куманово и Делчево – по 2, Дебар, Валандово, Кратово, Виница и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од: Скопје (80г и 83г) двете лица се починати  во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин  не се  регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.112.539 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 325.279, бројот на оздравени пациенти е 311.015, на починати е 9.363, а бројот на активни случаи изнесува 4.901.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе