Вести Македонија

Земјава ја почна последната етапа од патот кон членство во ЕУ

Процесот на преговори за членство на земјава во ЕУ започна на 19 јули кога ја одржавме првата Меѓувладина конференција, што ја означува последната етапа од нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија, со крајна цел нашите граѓани и нашите деца да живеат подобро и како сите останати европски народи, порача вчера вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Тој нагласи дека тоа е наша стратешка определба од осамостојувањето на државата која станува реалност по 21 година од потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација и 17 години откако го добивме статусот кандидат за членство во ЕУ.

Тој додаде дека во наш интерес е да го заштитеиме македонскиот јазик, идентитет и да станеме членка на ЕУ.

Посочувајќи дека 45 отсто од нашето законодавство веќе е усогласено со европското, Маричиќ најави дека скринингот по кластери и поглавја официјално почнува на 15 септември и очекува тој да заврши до ноември 2023 година.

– Ако Србија и Црна Гора преговараат 10 години, а ние и Албанија почнуваме сега треба да имаме мотив да дојдеме отприлика на исто ниво на фаза на отворени и затворени поглавја за да се надеваме дека имаме шанса да влеземе заедно со Србија и Црна Гора кога и да биде првото наредно проширување на ЕУ, порача Маричиќ.

Останува на нас да го исполниме вториот услов, а тоа е уставни измени со кои во Преамбулата ќе треба да ги внесеме Бугарите и другите заинтересирани нациии и од нас зависи кога ќе го напрвавиме тоа и со кое темпо ќе се движиме кон остварување на целта.

Нема датум до кога треба да се отвори дијалогот во Собранието.

Во врска со барањето на ВМРО-ДПМНЕ за референдумско изјаснување за Преговарачката рамка, Маричиќ нагласи дека Владата досега не расправала и не донела одлука по ова прашање.

– Но мој личен став е дека нема потреба од референдум и дека е подобро институциите да си ја преземат својата одговорност, наместо да се користи евентуалниот референдум за манипулации и политички поени, потенцира Маричиќ.

Во однос на барањата на дел со лигвистите и на некои опозициски партии за измена или повлекување на нашата унилатерална изјава за македонскиот јазик на претставена на првата Меѓувладина конференција за пристапувањето на земјава во Европската Унија, вчера се огласи Министерството за надворешни работи, појаснувајќи дека нејзина единствена цел е да се осигура употребата на чиста формулација за македонскиот јазик во документи на Советот на ЕУ, без какви било објаснувања, додавки или фусноти.

Од Министерството потсетуваат дека Преговарачката рамка за пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, која беше усвоена на 18 јули 2022, е првиот документ на Советот на ЕУ во кој е содржана чиста формулација за македонскиот јазик.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

Петрушевски во Топ Тема: Предлог законот на СДСМ за настраданите во Кочани е неприменлив во некои членови и делумно неуставен

Дејан Дејан

Бочварски во Топ Тема: Освен финансиска помош законот за помош на семејствата на настраданите во Кочани ќе има и здравствена и социјална компонента

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе