Градот Загреб одлучи температурата на ладење во четири згради на Градската управа да се зголеми од 22 на 25 Целзиусови степени, а ќе воведе и режим на ноќно ладење.
Се очекува дека со тоа ќе се заштеди потрошувачката на енергија за најмалку 20 проценти.
Тие мерки се одговор на неповолната состојба со изворите на енергија и препораките за мерки за штедење на Европската комисија, изјави за Хина портпаролката на Град Загреб, Динка Живаљ.
Заштеда треба да придонесе и ноќниот режим на ладење, според кој од 18 часот до 5 часот наутро, клима уредите се вклучуваат само доколку температурата надмине 35 Целзиусови степени.