Вести Свет

Русија ја зголемува листата на непријатели

Руската Влада го ажурираше списокот земји кои, како што е наведено, „преземаат непријателски дејствија против руските дипломатско-конзуларни претставништва во странство“. Притоа на листата се додадени Грција, Данска, Словенија, Хрватска и Словачка.

Како што е објавено на веб-страницата на руската Влада, списокот не е конечен и може да се прошири, имајќи го предвид продолжувањето на „непријателските активности“ на странски држави насочени против руските претставништва во странство.

Регулативата подразбира ограничување на целосна забрана можностите на тие земји да ангажираат соработници од територијата на Русија во амбасадите, конзулатите и претставништвата на државните органи.

Покрај имињата на земјите, на списокот е и бројот физички лица со кои амбасадите на тие земји и нивните конзуларни претставништва можат да склучуваат договори за вработување. Воспоставен е лимит од 34 лица за Грција, 20 за Данска и 16 за Словачка.

Словенија и Хрватска нема да можат да ангажираат соработници во нивните дипломатско-конзуларни претставништва

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

„Ќе се изедначиме со ЕУ“, Трамп потпиша извршна наредба за намалување на трошоците за лекови на рецепт во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе