Вести Македонија

Нов рекорден број смртни случаи од Ковид-19 во Нов Зеланд

Во Нов Зеланд откакко се појави новата варијанта на омикрон, се повеќе се заразуваат луѓето и постарите се повеќе умираат.

Во Март беше најлошо до сега кога имаше починато и 115 лица, а сега за седум дена до 16 Јули починале повеќе од 151 лице.

Во последните 24 час како последица на инфекција на коронавирус починале 26 лица, сите над 60 години.

Во новиот бран зарази во Нов Зеланд, преовладува новата подваријанта омикрон BA.5.

Под притисок се клиниките за општа пракса, итните служби и болниците, независно што бројот хоспитализирани е нешто помал од март.

Иако Владата во моментов не наметнува ограничувања за движење и задолжителни маски во училиштата, Министерството за образование ги советува училиштата да ги вратат маските откако децата ќе се вратат од распуст следната недела.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе