Вести Македонија

Изгаснат е пожарот во Делчевско

Пожарот помеѓу делчевските села Разловци и Тработивиште е локализиран. Повикувајки се на информации од Регионалниот Центар за управување со кризи, портпаролот на Општина Делчево Даниела Такева информираше дека пожарот е изгаснат вчера околу 19:00 часот, а во моментот, како што додава, екипи на Шумско Стопанство ,,Голак” Делчево вршат обиколка на опожареното подрачје, со цел спречување на негово повторно избувнување.

Проценките на Регионалниот центар за управување со кризи се дека е зафатена површина од 40 хектари претежно сува трева, дабова и борова шума, а од Општината најавија дека дополнително ќе се изврши проценка на опожареното подрачје.

Во акцијата за гасење на пожарот вклучени биле над 30 лица, меѓу кои месно население, вработени во ТППЕ Делчево и Шумското стопанство „Голак”, еден пожарникар од Доброволното противпожарно друштво, полициски службеници како и припадници на граничната полиција „Исток“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

„Ќе се изедначиме со ЕУ“, Трамп потпиша извршна наредба за намалување на трошоците за лекови на рецепт во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе