Во средата Европската Комисија (ЕК) на маса стави предлог кој има за цел да ги присили земјите членки да ја намалат потрошувачката на гас за 15 отсто, пет земји веќе се изјаснија против.
Унгарија порача дека е категорично против предлогот на Комисијата, а Полска, Шпанија, Грција, Кипар и Португалија во последните денови рекоа дека нема да го прифатат планот.
Европската Комисија сака прво доброволно, потоа и на сила, земјите на ЕУ да ја намалат домашната потрошувачка за 15 отсто до идната пролет. Целта е осамостојување од рускиот гас.
Предлогот на ЕК ќе биде предмет на дебата идната недела на Советот на министри за енергија на ЕУ, а потоа треба да биде усвоен со квалификувано мнозинство, односно 15 земји членки кои застапуваат најмалку 65 отсто од вкупното население на ЕУ.
Со најавите на најмалку шест земји членки, меѓу нив речиси сите главни земји од југот, и Полска, станува извесно дека овој предлог тешко ќе помине..
Прашањето е сега како ќе се одвиваат преговорите помеѓу министрите на ЕУ идната недела и дали Комисијата ќе предложи некакви измени во предлогот. Она што се чини најголем проблем во овој текст за сите земји членки е моќта која и се дава на Европската Комисија насилно да наметне намалување на потрошувачката на гас.