Доколку не се воведат нови мерки кои ќе бидат доволни за заштита од корона вирусот тогаш германскиот министер Карл Лаутербах кажа дека треба да бидат подготвени за нов катастрофален бран на корона вирусот во Германија.
– Доколку ја пречекаме есента како сега, без заштитни маски, без ништо, тоа би значело дека бројот на заразени остро ќе порасне, но и оти одделите за интензивна нега ќе бидат преоптоварени, изјави тој за ДПА за време на посетата на Вашингтон.
Истовремено, како што истакна министерот, болен ќе биде и болничкиот персонал, што дополнително ќе го оптовари здравствениот систем.
Потребни се итни мерки.Министерот не сакаше да даде детали околу тоа какви ќе бидат мерките. Како што тој додаде, тоа е предмет на доверливи преговори со останатите министерства, вклучително и со Министерството за правда.
– Правната основа за сегашните ограничувања против коронавирусот во Германија истекува на 23 септември, а дотогаш Владата мора да одлучи за нови мерки, нагласи Лаутербах.