Вести Свет

Десет лица од Украина осудени за секусален напад беа депортирани

Десет лица осудени за сексуален напад во Британија пристигнаа во Полска по руската инвазија на Украина, наводно за да пружат хуманитарна помош, но полските власти ги депортираа. Тоа   го соопшти портпаролот на британската Национална агенција за криминал.

Според портпаролот, овие лица, сите со пресуди за сексуални злосторства, заминале во Полска во првите шест недели по почетокот на руската инвазија на Украина. Има околу 5.000 деца без придружба кои избегале од Украина на полска територија, додаде портпаролот.

Според него, десетте осуденици требало да ја известат британската полиција за нивните намери да патуваат, а по пристигнувањето да се изјаснат за што се осудени, но тие не направиле ниту едно ниту друго. Агенцијата им достави на полските имиграциски и полициските власти информации за спорните лица и им беше наредено да ја напуштат Полска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

„Ќе се изедначиме со ЕУ“, Трамп потпиша извршна наредба за намалување на трошоците за лекови на рецепт во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе