Вести Македонија

Бектеши: Енергетски најтешката зима е пред нас, очекувам да нема рестрикции доколку се оди според планот

Министерот за економија Бектеши изјави дека во август ќе прогласи кризна сотојба бидејќи не очекува тешка зима во однос на електричниот дел.Ако нема забрана за увоз на електрична енергија тогаш не би имало рестрикции во нашата држава.Сепак нагласи дека ја имаме најтешката зима, а ситуацијата е непредвидлива и зависи од сите држава, а и од ситуацијата со војната во Украина.

-Денеска добивме добри вести дека почнало да има снабдување со природен гас. Правиме напори да имаме алтернативи на снабдување со природен гас и во случај ако има целосна забрана, тогаш треба да користиме алтернативен енергенс со цел да работат топланите и индустриските капацитети, а и индустријата и домаќинствата да не останат без снабдување со електрична енергија, рече Бектеши.

За таа намена, посочи, веќе се набавува мазут, кој е единственото гориво на кое веднаш може да се префрлат топланите и индустриските капацитети и истакна дека во солунското пристаниште е стигнат брод со мазут за потребите на земјава.

Согласно Законот е предвидено да има друг енергенс освен природниот гас, но според технологијата што ја имаат нашите капацитети и електрани тие може да одат смо на мазут.

Правиме напори, додаде, да обезбедиме природен гас од друг извор, освен од Газпром но тоа зависи  од ослободувањето на капацитетите во Бугарија и договорот што го има Булгар трансгас со Газпром за закупување на сите капацитети до 2030 година.

Порача дека моменталната цена на електричната енергија на берзата ХУПЕКС е околу 420 евра за мегават час или речиси 10 пати поголема во споредба со цената од 48 евра за мегават час што ја нуди ЕСМ за домаќинствата и нагласи дека се очекува оти зимава ќе биде и околу 500 евра за мегават час.

Министерот информираше дека од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) во текот на вчерашниот ден се обезбедени 100 милиони евра за ликвидноста на АД ЕСМ за да може во текот на годината да има средства да купува електрична енергија доколку има недостиг и да купува јаглен и мазут за домашните капацитети за производство на електрична енергија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

„Ќе се изедначиме со ЕУ“, Трамп потпиша извршна наредба за намалување на трошоците за лекови на рецепт во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе