Вести Свет

Во Романија ќе се воведат ограничувања на водата за пиење

Дел локални администрации ќе треба да наметнат ограничувања за користење на водата за пиење, затоа што многу се троши кога поединци со таа вода си ги полеваат градините, изјави романскиот министер за животна средина, води и шуми, Тањош Барна.Како што додаде министерот, кризен штаб на Владата ќе ги следи регионите засегнати од суша и ќе преземе дејствија во населените места каде има недостиг од питка вода.

Тој посочи дека водата што доаѓа до домовите е помината низ многу процеси како што се прочистување и филтрирање и затоа треба да се користи само за пиење барем во овие моменти кога има криза, односно недостаток на вода суша.

Исто така, ги повика земјоделците да не ги потпалуваат земјоделските површини затоа што опасноста од пожари е многу голема.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Студентите со масовни блокади низ улиците во Србија

Дејан Дејан

Почнува со работа „One Stop“ системот на граничниот премин Табановце

Дејан Дејан

Македонски државјанин со возило излета кај Хоргош во Србија, има загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе