Вести Ковид19 Македонија

Со нови Ковид-амбуланти и без никакви нови мерки Македонија ќе се бори против летниот бран на зараза

„Зелената Ковид-зона“ сè уште е местото каде што се вбројува Македонија. Вака барем тврдат докторите од Комисијата за заразни болести, додека земјава влегува во борба со новиот бран на вирусот. Речиси 50% позитивни од над 1600 тестирања или 788 новозаразени, гласи денешниот биланс од билтенот на Министерството за здравство. Растот на бројките е континуиран и трае неколку денови наназад, но засега не е засилен притисокот врз болничките капацитети. Едноцифрен е бројот на пациенти приклучени на кислородна поддршка на Инфективна. Новитети од следната недела ќе има во инфраструктурните капацитети за преглед и третман на позитивните пациенти.

Во моментов доминира подваријанта на Омикрон, позната како БА.5 која се шири и во регионот. Кај огромен процент од секвенционираните примероци е потврдено нејзиното присуство, потврди вчера ИЈЗ, а потврда денес стигна и од Комисијата за заразни болести. Симптомите се тие што беа присутни кај позитивните и со претходните варијанти на Корона.

Нови препораки и заклучоци од Комисијата за заразни болести денес нема, остануваат само апелите до сите, а особено до оние со послаб имунитет и хронични болести – да носат маска онаму каде што е слабо проветрено и каде што е поголем ризикот од зараза.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе