Вести Македонија

РКЕ: Потрошувачите приклучени на БЕГ редовно да си ги плаќаат сметките за парно

Од Регулаторната комисија за енергетика порачаа дека потрошувачите имаат обврска редовно да ги плаќаат месечните фактури за испорачување топлинска енергија.

Ова е дел од Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем.

До изборот на нов вршител на енергетската дејност, БЕГ има должност да ја врши јавната дејност за производство, дистрибуција и снабдување на топлинска енергија.

Во продолжение го пренесуваме соопштението на РКЕ.

„Постојниот вршител на енергетска дејност којшто побарал престанување или на кого му е одземена лиценцата, согласно Законот за енергетика е должен да ја обезбедува јавната услуга сè до избор на нов вршител на енергетската дејност, односно во случајов производство, дистрибуција и снабдување на топлинска енергија. До изборот на нов вршител на енергетската дејност, БЕГ има должност да ја врши јавната дејност за производство, дистрибуција и снабдување на топлинска енергија. Од друга страна пак, согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем потрошувачот е должен редовно да ги плаќа сметките за испорачаната услуга. Потрошувачот има обврска да го плати износот на доспеаната фактура и неплатените фактури од претходните календарски месеци наведени во фактурата за последниот календарски месец – стои во Правилата за снабдување со топлинска енергија“ пишува во соопштението на Регулаторната комисија за енергетика.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија ликвидирала над 100 екстремисти во напади на пакистанскиот дел од Кашмир

Дејан Дејан

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Дејан Дејан

Во Албанија до 17 часот гласале 38,75 отсто од гласачите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе