Вести Македонија

Претседателот Пендаровски со честитка за официјалниот почеток на преговорите со ЕУ

На социјалните мрежи се огласи и претседателот на државата Стево Пендаровски, со честитка за официјалниот почеток на преговорите за членство во Европската унија.
Пендаровски напиша дека сега следи напорна работа и вложување во општеството за успешен тек на преговорите.
Тој им се заблагодари на сите оние коишто во изминатите години биле дел од институциите и придонеле кон евроинтеграцијата.
„Им честитам на сите македонски граѓани за официјалниот почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ. И покрај предизвиците со кои се соочувавме низ годините, граѓаните ја одржаа поддршката за исполнувањето на нашата европска агенда. Започнуваме нова фаза за политичка интеграција, да станеме дел од европското семејство на нации, каде македонскиот јазик ќе биде еден од службените јазици на Унијата. Нѐ чека напорна работа, вложување на целокупните општествени и институционални капацитети за понатамошните фази на процесот на преговори. Благодарност до сите кои низ годините беа дел од институциите кои работеа на пристапувањето кон Европската Унија и максимално се вложуваа за успешна евроинтеграција. Да овозможиме европските вредности на слобода, демократија, правда, различност и просперитет да завладеат и кај нас дома, во нашата заедничка татковина“ пишува во фБ-статусот на претседателот Пендаровски.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе