Култура

Синдикатот за култура демантира дека договарал со министерката кратење на буџетот за проекти за независната сцена

Синдикатот за култура демантира дека со министерката за култура договарал кратење на буџетот за проекти. Во соопштението од СКРМ се вели дека тие уште на крајот на март ги демантирале тврдењата дека при преговорите за покачување на платите во културата се договарало и кратење на буџетот за проекти, посебно не за проектите на независната сцена.

  • СКРМ нема никакви ингеренции во планирањето на буџетот за култура. Таа обврска ја има исклучиво Министерството. Основната цел на СКРМ е да се залага за почитување и подобрување на Колективниот договор за култура, во кој правата на културните работници се јасно дефинирани, велат од Синдикатот.

Реакцијата на Синдикатот за култура доаѓа по изјавата на претставничка од Асоцијацијата Јадро која обединува над 60 организации и поединци од независната културна сцена. Таа реагираше на изјавата на министерката за култура Костадиновска- Стојчевска дека на состанок со синдикатите во март било одобрено со ребалансот поради економската, енергетската и здравствената криза, да се крати од буџетот за проекти. Од „ Јадро“ рекоа дека консултираните синдикати не ја претставуваат независната сцена и дека тие не биле информирани и не се согласуваат со кратењата од буџетот за проекти зашто за нив веќе потпишале договори.

Заради одржливост на платите и на културата моравме да најдеме начин од каде ќе се кратат средствата. На еден состанок кој што се случи, ако не се лажам во текот на месец март, беше предочено од каде би можеле да кратиме. Тогаш сватив дека ние навистина имаме културни работници за почит кои рекоа дека културата ќе опстои и со намалени средства, рече министерката за култура Костадиновска – Стојчевска на 08. јули , на прес конференцијата за Галичката стадба.

Со ребалансот на буџетот се кратат 31% од буџетот за проекти. Ќе се крати и од непродуктивни трошоци и од самиот буџет за работа на Министерството за култура. Но, не се кратат платите на вработените уметници и културни работници во установите од културата и од капиталните проекти.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе