Кошарка Спорт

Крстевски: Ако бидеме комплетни, сигурно сме први во групата

Кошаркарската репрезентација на Македонија во претквалификациите за пласман на Европското првенство ќе се соочи со селекциите на Словачка, Данска и Норвешка.

На хартија, Македонија е фаворит за освојување на првата позиција, но за реализација на целта сигурно дека националниот тим во сите мечеви треба да настапи во комплетен состав.

“Словачка ни е многу добро познат противник бидејќи и во претходните претквалификации игравме со нив и имаме позитивен биланс. За Норвешка и Данска немам многу информации, но како што ќе доаѓаат натпреварите, ќе се подготвуваме за нив и ќе ги анализираме. Единствено посакувам ние да бидеме во што поголем број, односно комплетни да ги дочекаме дуелите што претстојат. Во таков случај верувам во позитивен исход и пласман во главните квалификации”, изјави за веб страницата на Кошаркарската федерација, Бојан Крстевски.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе