Кошарка Спорт

НБА ќе применува европско правило

Во пресрет на новата сезона во НБА лигата потврдени се неколку измени во правилата на играта, а потврдена е и една измена во системот на натпреварување која се користеше и во претходните години.

Разигрувањето за последните две места за влез во плеј офот дефинитивно влегува во календарот и во иднина екипите кои на крајот од првиот дел на лигата се пласираа од седмата до десеттата позиција ќе одиграат мечеви за пополнување на двете места за влез во завршните натпревари во битката за шампионскиот трофеј.

Директно учество во плеј офот обезбедуваат првите шест екипи од секоја конференција.

На состанокот што се одржа во Лас Вегас, а присуствуваа и сопствениците на тимовите заедно со Натпреварувачката комисија на лигата се согласија и за измена на правилата на играта кои до сега се применуваа во натпреварувањата во организација на ФИБА.

Од новата сезона секој прекршок направен со цел да се прекине контра напад ќе биде санкциониран како неспортски и покрај едно слободно фрлање екипата ќе добие на посед на топката.

Сепак ова правило нема да се применува во последните две минути од последната четвртина и продолжението од пет минути.

Намерна лична грешка нема да се суди и ако играчот што напаѓа е фаулиран при обид да шутира кон противничкиот кош.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе