Вести Македонија

Јавното обвинителство поднесе обвиненија по нередите на протестите против „францускиот предлог“

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителни предлози против вкупно 12 лица, по нередите на протестите против прифаќањето на т.н. „француски предлог“.

Од нив, деветмина се обвинети за кривичното дело „учество во толпа“, а три лица се гонат за предизвикување општа опасност.

За време на собирите, дел од учесниците фрлаа со камења, бекатон плочки, железни предмети, па дури и со сообраќајни знаци и корпи за отпадоци кон зградата на Собранието, а кон кордонот полицајци беа запалени и пиротехнички средства.

26 полицајци се здобиле со телесни повреди, а проценетата материјална штета на собраниската зграда изнесува над девет илјади евра.

Обвинителен предлог е поднесен и против двајца скопјани на возраст од 18 и 26 години.

Едниот од нив подготвил молотов коктел, а другиот обвинет го фрлил кон кордонот на полицијата. За инцидентот кај плоштадот „Скендербег“ кога имаше истрели во воздух, се гони 40 годишен скопјанец.

Тој се товари за делото предизвикување опасност за животот или телото на луѓето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе