Вести Економија Македонија

Цените паднаа, но уште се троцифрени- Нови цени на нафтените деривати

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85% во однос на одлуката од 7.07.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,601%, кај дизелот за 2,615%, кај екстра лесното масло за 2,965%  и кај мазутот за 2,754%.

 Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит.

 Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.

 Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваа за 1,50 ден/лит.

 Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,661 ден/кг и сега ќе изнесува 50,903 ден/кг.

Од 12.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

 Моторен бензин                   ЕУРОСУПЕР БС – 95                             105,50 (денари/литар)

Моторен бензин                   ЕУРОСУПЕР БС – 98                             107,50 (денари/литар)

Дизел гориво                        ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                      100,00 (денари/литар)

Масло за горење                 Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                          98,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                          50,903 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,032%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 12.7.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почнува со работа „One Stop“ системот на граничниот премин Табановце

Дејан Дејан

Македонски државјанин со возило излета кај Хоргош во Србија, има загинати

Дејан Дејан

Американскиот претседател Трамп најави нови тарифи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе