Вести Ковид19 Македонија

Бројот на позитивни за една недела зголемен за околу 65 проценти

За само една недела бројот на позитивни случаи во Македонија е зголемен за околу 65 проценти.

Зголемувањето на бројот на позитивни случаи во светски рамки по извршените тестирања е предизвикано од омикрон варијантите BA. 4 и BA.5.

За професор Петличковски станува збор за варијанти кои не го почитуваат многу имунитетот создаден со претходните омикрон варијанти и со вакцините кои претходно циркулираа.

Се очекува да има зголемување на бројот на нови инфекци, но здравствените лица се надеваат дека нема да биде зголемен и бројот на хоспитализации.

„Кај нас не се потврдени BА. 4 и BА. 5 варијанти, но според искуството од сите земји во светот новиот бран којшто е во зачеток веќе кај нас во последниве две недели многу е веројатно речиси сигурно дека новите инфекции се должат на BА. 4 и BА. 5  варијантите. Мислам дека во следниве недела две ќе имаме резултати, податоци од секвенционирање на наши примероци“ – вели проф-др Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

И покрај фактот дека многу мал дел од инфицираните стигнуваат до болница, не можеме да се надеваме дека тоа така ќе функционира затоа што на толкав број ќе се појават и случаи со потешка клиничка слика, додава првиот човек на Комисијата за заразни болести. Новата Омикрон-варијанта се шири со забрзано темпо, затоа вакцинацијата е исклучително важна.

„Но, постоечките вакцини и во овој момент се многу ефикасни особено за спасување на животот, за елиминирање на шансата за смртен исход и тоа е дефинитивно. Овие податоци ги наведува и СЗО која на 17 јуни излезе со една препорака за светско справување со пандемијата дека многу е логично и практично во овој момент да се размислува за трета доза некаде и за четврта доза со постоечките вакцини бидејќи во сите релевантни студии бустер дозата обезбедува дополнителна заштита и од BА.4 и од BА. 5 варијантите кои циркулираат сега“ – додава Петличковски.

Се очекува веќе од октомври да има нова вакцина за омикрон варијантите.

Сепак бранот ни се случува сега, вели Петличковски  и сите кои сакаат да го заштитат своето здравје треба да ги почитуваат тековните препораки  на СЗО и сите релевантни научни институции што значи да биде примена најмалку трета доза.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе