Утре ќе има преодна стабилизација на времето. Речиси насекаде ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, на места засилен северен ветер. Дневната температура ќе се движи од 29 до 37°C.
УВ индексот ќе изнесува 9.
Информација од утрово:
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
20 Скопје-З.Рид, 19 Берово, 17 Тетово, 14 Битола, Прилеп, 9 Кр.Паланка, 8 Штип, 7 Ѓуриште, 3 Д.Капија, Гевгелија, 1 Скопје-Петровец, Крушево.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 19.5, Преспанско Езеро 19.5, Дојранско Езеро 27.8
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]