По две години, Андреј Јакимовски повторно е дел од националниот тим. Нашиот млад репрезентативец поради обврските во тимот на Универзитетот Вашингтон во НЦАА лигата не можеше да одговори на повиците во репрезентацијата, но еве го повторно е дел од составот ќе се обиде да им помогне на своите колеги од репрезентацијата во овој завршен циклус од квалификациите за Светското првенство и мечевите со Шпанија и Украина.
“Конечно по долг период можам да играм за сениорскиот тим. Огромно задоволство е да се игра за репрезентацијата и тоа е предизвик. Немаме притисок, на нас ни останува да го дадеме најдоброто од себе и да го дадеме максимумот од себе, а за резултатите ќе видиме. Имаме доста млад состав, но мора да покажеме зошто сме тука. Резултатите можеби нема да ги видиме сега, но важно е сите помладите да почнеме од некаде и да градиме тим. Со актуелниот светски шампион ќе видиме до каде сме, првиот натпревар е против таа силна Шпанија, но ние нема предвреме да се предадеме”, изјави Јакимовски.
ФОТО: Игор Паневски