Ракомет Спорт

Македонија без претставник во ракометната Лига на шампиони

Само еден ден откако ЕХФ соопшти дека Вардар нема  да биде дел од новата сезона во ракометната Лига на шампиони, Европската асоцијација ги објави потенцијалните кандидати за добивање покана за на учество, а меѓу нив за жал го нема нашиот вицешампион, Еурофарм Пелистер.

Елитното натпреварување во следната сезона ќе брои 16 екипи, девет од нив имаат гарантирано место: ГОГ (Данска), Барселона (Шпанија), ПСЖ (Франција), Магдебург и Кил (Германија), Пик Сегед (Унгарија), Киелце (Полска), Порто (Португалија) и Динамо Букурешт (Романија).

Од земјите кои веќе имаат еден претставник во конкуренција за покана останаа Гранолјерс (Шпанија), Алборг (Данска), Веспрем (Унгарија), Нант (Франција), Висла (Полска), Спортинг Лисабон (Португалија) и Баја Маре (Романија).

Останаа и шест екипи кои исто така чекаат повик да бидат дел од елитното натпреварување, а имаат гарантирано место во Лига Европа, Загреб, Елверум, Целје, Иштад и Шафхаузен.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе