Вести Македонија Тест избори

Алабаковски пуштен во домашен притвор

По жалба на адвокатот на Ламбе Алабаковски, мерката притвор Судскиот совет од Битолскиот Основен суд ја преиначи во куќен притвор. Алабаковски попладнево го напушти притворското одделение во затворот во Битола и е спроведен во неговиот дом, каде ќе ја издржува мерка.

Ова за Телма пред малку го потврди адвокатот на Ламбе Алабаковски, Дарко Стефановски.

34 годишниот поп пејач е осомничен за подметнување на пожарот во културниот центар Ванчо Михајлов во Битола, во саботата утрото кога изгоре влезната врата од објектот. Инцидентот предизвика силни реакции во јавноста, а вчера во Битола се одржа протест под мотото „Слобода за Ламбе“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За опозицијата буџет за луксуз, за власта за стабилност – почна расправата за ребалансот

Дејан Дејан

Сиромаштијата расте, социјалната помош стагнира

Дејан Дејан

Власта до СДСМ: Немате легитимитет да повикувате на нацинален консензус

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе