Утре нѐ очекува прoменливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен пороен дожд и појава на град. Дневната температура ќе биде во дополнително опаѓање и ќе се движи во интервал од 24 до 30°C.
УВ=7
Информација од утрово:
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
21 Струмица, 16 Тополчани, 14 Тетово, 11 Пожаране, 9 Битола, Берово, 7 Крушево, П.Шапка, 5 Прилеп, 4 Скопје Зајчев Рид, Штип, 3 Виница, Ѓуриште, 2 Кр.Паланка.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 20.5, Преспанско Езеро 18.0, Дојранско Езеро 22.0
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/