По 16 месеци КОД се враќа во населбата Хром каде живеат семејствата Лазиќ и Џиковски. Нивните домови се во опасност да паднат поради ДУп-от кој предвидува изградба на две згради на две половинки од ист дом. И покрај експертизи на градежни професори за ризикот и несоодветни документи општината издала дозвола за градба која е поништена од второстепена комисија.
Актуелниот градоначалник тврди дека постапката на неговиот претходник и политички противник била чиста и не можела да се прекине. Иако се уште нема нова дозвола за градба, инвеститорите складираат градежен материјал, а двете семејства бараат ревизија на ДУП-от.
Дозволата за градба, Дејан и Борче ја обжалуваат на второстепена комисија во министерството за транспорт и врски. И со своите вештачења во кои еминентни градежни професори велат дека половина куќа не може да остане и е во опасност да падне и да ги поклопи жителите, ја убедуваат комисијата да ја врати постапката на почеток на постапка во општина.
Радоста кратко им трае, а во соседството на Борче веќе има градежен материјал иако нема никаква нова дозвола.
Целиот прилог и емисијата на линкот доле.
Во КОД (05.06.2022) и за првата мала судска победа на државата контра доверителите на Трансмет во борба за имотот кој е конфискуван поради криминал. Исто така во КОД и за барањето за државјанство на иселениците во Турција со македонски корени.
Миомир Серафиновиќ