Премиерот на Република Кореја Хан Дак-су денеска најави дека земјата ќе го укине условот за карантин за влезните странци кои не биле вакцинирани од 8 јуни и ќе започне да ги отстранува барањата наметнати на меѓународните летови, објави Ројтерс.
Сепак, владата ќе го задржи условот за негативен тест за коронавирус направен пред да влезе во земјата, како и за тест до 72 часа по пристигнувањето.
Премиерот Хан рече дека ситуацијата со епидемијата во Јужна Кореја е стабилизирана и дека барањата за летови на меѓународниот аеродром Инчеон ќе бидат укинати следната среда за да се осигура дека нивниот распоред е исполнет.