Одлуката на австриските власти за укинување на обврската за носење заштитни маски ФФП-2 во возилата за јавен превоз и супермаркетите до крајот на август стапува на сила денеска, јави ДПА.
Носењето маски ќе остане задолжително во болниците и домовите за стари лица.
Во Виена ќе продолжи да биде задолжително носењето заштитни маски во јавниот превоз, изјави градоначалникот Мајкл Лудвиг.
Обврската за носење маски се очекува да се врати наесен доколку се зголеми бројот на заразени со коронавирус, забележува ДПА.