Нови 87 заболени од ковид во изминатите 24 часа, од направени 1.384 тестови. Скопје и натаму со најголем број 54, по што едноцифрени бројки има во Охрид, Битола, Прилеп, Берово.
Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 10 реинфекции.
Нема починати лица во изминатото деноноќие, но од регистарот на Мој Термин пријавени се тројца починати во период од 8-ми до 28-ми мај.
Во 11 градови нема ниту еден активен случај на ковид 19.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.