Вести Економија Магазин

Ќе поскапат цените на основните прехранбени продукти кои беа заштитени-треба нов механизам за заштита за сиромашните, предлага професор Ивановски

Во среда истекува шестмесечната мерка на владата со која се цените на лебот, шеќерот, брашното, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомеснатите производи, како и сирењето и урдата беа замрзнати.

Од среда оваа мерка се укинува и се очекува цените на овие производи да растат. Според, универзитетскиот професор Зоран Ивановски, ова се популистички мерки, затоа и се мерки со краток рок и без видливи резултати.

Тој предлага државата да интервенира преку други механизми, како што се стоковите резерви, и ваучери за ранливи категории на граѓани кои за жал се се побројни во државата.

Повеќе за економските прогнози на Ивановски во видео линкот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе