Култура

Градските приказни на Илинден, подвижен музеј на градот Битола

Градските приказни на ансамблот Илинден, беа изведени на целовечерен концерт под наслов “Битола е градот” во Офицерски дом.

Изминаа повеќе од 67 години, откако ансамблот на народни песни и игри Илинден од Битола, започна да ја чува, негува и да ја шири нашата традиција.

Низ сите тие години светот се менуваше околу нас, но Илинден секогаш го чувал највредното. Помеѓу тие бисери се „Градските приказни“ кои се подвижен музеј за овој град.

Ансамблот Илинден е тука да го спои сѐ она што се менува и сѐ она што треба да остане исто. Ние сме врската помеѓу минатото и иднината. Тука сме да бидеме чувар на наследството, но и животворец на Битола низ песни и игри, затоа што Битола е градот, стоеше на најавата со плакат кој за овој настан го дизајнираше Сергеј Светозарев.

„Битола е градот, а КУД Илинден е синонимот за Битола. Најстар фолклорен ансамбл, едно од најстарите здруженија во Битола и нашата татковина, без прекин на континуитетот. КУД Илинден 67 години е амбасадор на Македонија во светот, се разбира и на сцените низ нашата држава. Сме настапувале од САД на Запад до Јордан на Исток, низ цела Европа, Австралија, Русија…Минатата година бевме дел од 6-тата светска фоклоријада во Уфа, Русија, како претставници на Македонија. Овој проект е нераскинливо врзан за нашиот ансамбл. Сите сцени на „Градските приказни„ се предизвик за нас, а Офицерскиот дом и како архитектура и како историја е место каде се спојуваат истокот и западот. Идеален простор каде можат да се претстават и  Ала Турка и Ала Франга традициите преку непроценливи костими, песни и игри. Беше повеќе од предизвик да ги раскажеме нашите градски приказни токму на оваа локација, бидејќи ние сме еден од ретките ансамбли кои ги има градските игри, во формат на целовечерен концерт“, истакна Александар Стефановски, уметнички раковител на КУД Илинден.

Овој концерт, на барање на публиката ќе се одржи уште неколку пати, а веќе пристигнуваат покани истиот да биде презентиран на други сцени, а и на еден голем интернационален настан во организација на една од амбасадите во Македонија, за што ќе следуваат наскоро детали.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе