Вести Код Македонија

КОД: ПТСД и цивилни жртви на мировни НАТО мисии во Ирак и Авганистан

Физички повредени и ранети, ограничена способност за работа, психичко растројство и ПТСД,адвокатски и друг вид на измами, неодобрување на лекарски третмани или право на инвалидска пензија, тужби за наплата на осигурување во САД- со сите овие ризици на модерниот живот во Македонија живеат стотици повратници кои работеле во НАТО базите во Ирак и Авганистан.

Во КОД вечерва (недела 22.05.2022.во 19:15) за овие проблеми и зошто институциите се глуви на проблемите кои ги адресира здружението на цивилни жртви во НАТО-мисии „Верба и надеж“. Од 120 пратеници кои ги барале на службениот мејл, не им одговорил ниту еден.

Најголем проблем беа оние кои се вратија со рани од воените зони. Многумина со физички,но уште повеќе со психички трауми. Тоа ни го потврди и невропсихијатрот Мице Дудучки, кој има пациенти не само од Македонија.

-Има се почесто и вртоглавици односно главоболки кои се предизвикани од ткнр. бласт (ударни) повреди односно од звук при напади. Иако некои пациенти ги немале претходно, по извесно време им се појавуваат како постојано зуење во главата и тие состојби треба да се третираат невролошки, вели др. Мице Дудучки, невропсихијатар од Куманово.

По разговорот со невропсихијатарот, се упативме во центарот на Куманово во куќа каде е сместено седиштето на Верба и надеж, здружение на цивилни жртви на НАТО мировни мисии. Неколку членови не пречекаа, а меѓу првите работи ни прикажаа нивни видеа од местата каде работеле.

На видеата се гледаат напади и се слуша морничав звук на алармирањето дека кон базата е испукана ракета.

„Верба и надеж“ има за цел да ја координира акцијата на илјадниците македонски граѓани кои биле во воените бази на истокот и кои тука по враќањето очекуваат еднаква шанса за законските права.

Многу работи преживеале, но и многу работи преживуваат по враќањето.

-Сакаме да имаме контакт со институциите и упорно се обидуваме, сакаме да им кажеме што не мачи, што ни треба, што кажуваат луѓето за кои е отворена нашата канцеларија. Има случаи на психичко растројство, има физички повреди, но сакаме да не слушнат не само за здравствените проблеми, туку и за семејни, за локални, и за други ситуации предизвикани од нашата работа, истакна Панче Пешовски, еден од основачите на „Верба и надеж“.

Но најмногу од се кога ќе побараат помош од надлежни институции и народни претставници и нема да добијат воопшто никаков одговор или реакција. Само малку од контактираните покажале интерес за соработка и за нивните проблеми.

Миомир Серафиновиќ

Во емисијата КОД вечерва за проблеми со ПТСД и психичкото растројство во интервју зборува професорот Стојан Барјактаров од Клиниката за психијатрија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе