Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.232 тестови, а регистрирани се 76 нови случаи со Ковид-19 и 73 оздравни пациенти. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 14 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин дополнително се регистрирани три починати лица од Скопје (80г), Охрид (82г) и Куманово (75г). Сите лица се починати во болнички услови. Лицата се пoчинати во период од 17.04 – 17.05.2022 година, соопшти Министерството за здравство.
Од 76 новозаболени од Скопје се 56, Битола 10, Кавадарци 3, Охрид и Кичево по 2 и Куманово, Гевгелија и Ресен – по 1.
Од 73 оздравени пациенти од Скопје се 40, Битола и Охрид по 5, Кавадарци 4, Прилеп и Штип по 3, Ресен, Тетово, Гостивар, Делчево и Берово по 2 и Куманово, Струмица и Струга по 1.
Направени се 1.232 тестови преку: ИЈЗ-104, ЦЈЗ Скопје-46, ЦЈЗ Битола-46, ЦЈЗ Прилеп-9, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-18, лабораторија болница Козле-18, Институт за микробиологија–81, Жан Митрев (Филип Втори)-60, Авицена-13, Биотек-29, Систина-20, лабораторија Лаор-28, Синлаб-11, Ремедика-11, Плодност-11, Генеа-4, Никоб Лаб-84, ВФВ Медикал-20, Ели Медика Плус-10, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 587.
Досега во земјата се направени вкупно 2.042.527 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 311.113, бројот на оздравени пациенти е 301.275, на починати е 9.296, а на активни случаи изнесува 542.