Кошарка Спорт

Дончиќ и Далас со лекција за Феникс, Бостон го елиминираше шампионот (ВИДЕО)

Далас се пласираше во финалето на Западната конференција во НБА-лигата по фантастичната победа на гостувањето кај Феникс од 123-90 во седмиот решавачки натпревар.

Лука Дончиќ очекувано ги предводеше Маверикс со својата фантастична игра, а постигна 35 поени и 10 скока. Словенецот имаше огромна помош и од Спенсер Динвиди, кој реализираше 30 поени. Ѕвездите на Санс ги немаше никаде на теренот, па Девин Букер постигна 11 поени, а Крис Пол 10.

Далас во финалето на Западот сега ќе ги одмери силите со Голден Стејт.

Бостон исто така се пласираше во финале, но во Источната конференција откако синоќа на свој паркет ја доби мајсторката со актуелниот шампион Милвоки со 109-81. Тројките беа најсилното оружје на Селктикс, кои погодија дури 22 пати од линијата 7,24 метри. Грент Вилијамс имаше рекорд во кариерата со 27 поени, Џејсон Тејтум постигна 23 кај победничкиот тим.

Јанис Адетокумпо со 25 поени и 20 скока беше најдобар кај Бакс, но во второто полувреме имаше очајна реализација и погоди само три пати од 11 обиди.

Бостон во финалето на Истокот ќе се соочи со Мајами.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе