win-win Вести

Вин Вин – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со различен став за состојбата во Собранието

Очигледно е дека блокадите од ВМРО-ДПМНЕ, ги имало и порано, не се ништо ново, но ние тоа ќе го издржиме, изјави во вечерашното издание на Вин Вин, пратеникот од СДСМ, Диме Велковски.

„Сметам дека Собранието треба да работи.Треба да разговара. Треба да имаме силна опозиција. Треба да имаме амандмани и од опозицијата и од позицијата. За нив треба да се дебатира. Во никој случај не треба да се разговара за теми кои не се дневен ред.“ – вели Велковски.

Се ќе издржиме во интерес на точките на дневниот ред, вклучително и дебати кои ќе бидат долги, ќе слушаме нешто и што треба и не треба, смета пратеникот од СДСМ.

Не можеме да кажеме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка на закон за игри на среќа и за лотарија. Или да даде поддршка на законот за здравствена заштита со кој планираат да се приватизира итната помош, изјави Дафина Стојановска, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ.

„Бидејќи не помина законот за игри на среќа, преку барање на автентично  толкување, кое што е поднесено во Собрание на 19-ти Април, Артан Груби, вратил одговор писмен на 3-ти Мај а на 5-ти Мај е објавен јавниот повик во Службен весник. Тоа на што се должи? Сигурно на бизнис интереси, но тоа паѓа на грбот на граѓаните. Тоа не е најитна тема за која треба Собранието сега да расправа и по секоја цена да помине а веќе поминат е рокот. Значи, нешто ретроградно ќе се измисли или како и досега, ќе се прекрши закон“ – изјави Стојановска.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе