Вести Ковид19 Свет

Ковид-19 досега однесе милион животи во САД

САД досега забележаа повеќе од еден милион смртни случаи од ковид-19, преминувајќи ја некогаш незамисливата граница околу две години по првата појава на земјата.

Бројот на починати е моќен потсетник за ужасните загуби предизвикани од пандемијата во време кога многумина полека забораваат на опасностите од вирусот, што значи дека секој 327 Американец умрел од коронавирус или повеќе од целото население во Сан Франциско или Сиетл.

До моментот кога Светската здравствена организација (СЗО) го прогласи Ковид-19 за глобална пандемија на 11 март 2020 година, вирусот однесе 36 животи во САД. Во месеците што следеа, смртоносниот вирус се рашири како шумски пожар, наоѓајќи плодна почва во густо населените урбани области како Њујорк Сити, за потоа да стигне до секој и најоддалечениот агол на таа огромна земја.

До јуни 2020 година, бројот на загинати во САД го надмина вкупниот број на американски војници убиени во Првата светска војна, а до јануари 2021 година, кога беа регистрирани над 405.000 смртни случаи, ги надминаа загубите на американската војска во Втората светска војна.

Некогаш во јануари минатата година во САД, во просек секој ден умреа повеќе луѓе од коронавирус отколку што беа убиени во нападите на Њујорк на 11 септември 2001 година.

Со 6,7 милиони потврдени смртни случаи на глобално ниво, нема многу места во светот кои не биле опустошени од оваа болест. Според Светската здравствена организација, реалниот број на жртви – вклучувајќи ги и оние кои починале од компликациите на Ковид-19, како и оние кои починале од индиректните последици од појавата на пандемијата – веројатно е поблиску до 15 милиони.

Иако досега светот главно почна да се враќа во „старата нормала“, научниците веќе работат на нова засилувачка доза бидејќи вирусот продолжува да мутира.

„Во никој случај не е готово“, изјави неодамна главниот медицински советник на претседателот Џо Бајден, Ентони Фаучи.

„Сè уште сме во глобална пандемија“, заклучи тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе