Вести Економија Магазин

„Макпетрол“: Лажна наградна игра циркулира во приватни пораки на социјални мрежи

Линкови кои што водат до лажна наградна игра почнаа да циркулираат во приватни пораки на социјалните мрежи и во нив „Макпетрол“ се наведува како организатор.

Компанијата укажува дека се работи за измама и потенцира дека корисниците не треба да кликаат на линковите во пораките, бидејќи на тој начин ја загрозуваат безбедноста на своите електронски уреди и лични податоци.

Лажните линкови изгледаат како на фотографиите:

 

– „Макпетрол“ традиционално секоја година ја организира наградната игра „Со Верна купувај и награди добивај“ и таа се одвива според сите законски нормативи и процедури. Активни и официјални интернет-страници на компанијата се www.makpetrol.com.mk и www.verna.mk, додека официјален Facebook-профил е „Макпетрол Ultra“. Сите останати пораки кои наликуваат на наведените веб-страници се лажни, немаат никаква поврзаност со „Макпетрол“ и граѓаните истите треба целосно да ги игнорираат – истакнуваат од компанијата.

Надлежните институции се известени за пораките преку кои што се повикува учество во лажната наградна игра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе